Студентите се запознаа со организацијата и функционирањето на лабораторијата, приемот и обработката на биолошките примероци и аналитичките процеси. Разговараа и за точноста и веродостојноста на резултатите, современите методи за биохемиски анализи, лабораториската опрема и професионалните протоколи за квалитет на дијагностичките услуги. Посетата им овозможи да видат како знаењето стекнато во студиите се применува во секојдневната професионална работа.
Посетата ја водела Малтина Ферати, специјалистка по медицинска биохемија. Таа ги запознала студентите со работните процеси и им дала совети и објаснувања за практичните аспекти на лабораториската работа. Иницијаторка на активноста била Анила Фетаи, претставничка на факултетот, во рамките на напорите за поттикнување соработка меѓу високото образование и здравствените установи.
Универзитетот во Тетово наведува дека целта на ваквите активности е студентите, покрај теоретската подготовка, да стекнуваат конкретно искуство во реални работни средини. Според Универзитетот, непосредниот контакт со професионалната практика помага во развојот на вештините, проширувањето на академскиот хоризонт и подготовката на нови кадри за предизвиците на пазарот на трудот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.