Студентите, претставувани од генералната секретарка на Црвена младина, Марија Ванчева, претходно поднеле формален приговор до Министерството, барајќи исплата на законски усогласениот износ и надоместување на финансиската штета за која тврдат дека е предизвикана од тригодишното непочитување на законот.
Според Левица, со претставката се бара Народниот правобранител да го испита непостапувањето на Министерството и да преземе мерки во рамките на своите надлежности. Барањата до двете институции не се нивни донесени одлуки.
Левица претходно поднела и предлог-закон со кој предлага износот на оброкот да биде еден процент од минималната плата, правото да важи за сите студенти и да се отстранат ограничувањата и дискриминаторските критериуми во постојниот систем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.