Стандардите се развиени преку консултации со уредници и новинари. Целта е да се зајакнат саморегулацијата, професионалната одговорност и довербата на јавноста во медиумите.
Настанот беше посветен на преминот од уредничките стандарди кон нивна примена во редакциската практика, со фокус на уредничкиот интегритет и јавната доверба.
Објаснувајќи го ризикот од дезинформациите, Селими ја спротивстави познатата изрека дека една фотографија вреди илјада зборови со можноста, во ерата на вештачката интелигенција, таа да вреди и илјада лаги. Според него, најголемата опасност не е само луѓето да поверуваат во лага, туку да стигнат до точка во која повеќе нема да ѝ веруваат ни на вистината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.