Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Советот за превенција од детско престапништво одржа трибина во Велес

Извор на фотографијата: Општина Велес
Извор на фотографијата: Општина Велес

Советот за превенција од детско престапништво вчера одржа едукативна трибина за ученици од основните и средните училишта во Велес. Целта беше да се подигне свеста за препознавање ризици и лична безбедност, како и да се поттикне правилниот психофизички и социјален развој на младите.

На трибината се разговараше за зависностите и последиците од употребата на штетни супстанции, врсничкото насилство, безбедното користење интернет и препознавањето негативни содржини, како и за безбедноста во сообраќајот и булингот.

Д-р Лидија Чолакова Дервишова зборуваше за зависностите и ризиците од употреба на штетни супстанции и ги советуваше учениците да не посегнуваат по алкохол или дрога. За врсничкото насилство, неговото препознавање и спречување и правилното постапување говореше Елена Цветкова, социјален работник во Центарот за социјални работи Велес.

Раде Стефановски од СВР Велес зборуваше за безбедното користење интернет и препознавањето негативни содржини. Трајче Мечалов од истата институција говореше за сообраќајната безбедност, а Џенифер Калинов за булингот.

Учениците преку стручни совети, едукативни содржини и интерактивна комуникација се запознаа со потенцијалните опасности и начините да се заштитат себеси и врсниците.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.