Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Со проектот „ЕУ за чист воздух“ заменети системите за греење во 21 јавен објект

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за животна средина и просторно планирање
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Работите во уште 30 објекти се планирани за почетокот на 2027 година.
  • На Град Скопје му се предадени шест автобуси на компримиран природен гас.

Во 21 од вкупно 70 јавни објекти опфатени со проектот „ЕУ за чист воздух“ целосно се заменети системите за греење, а во уште 19 работите се во тек, според Министерството за животна средина и просторно планирање.

За преостанатите 30 објекти е завршена проектната документација. Почетокот на работите во нив е планиран за почетокот на 2027 година.

Напредокот и плановите биле презентирани вчера во Скопје, на петтиот состанок на Управниот комитет на проектот, одржан во Министерството. Проектот има вкупен буџет од 10 милиони евра, го финансира Европската Унија, а го спроведува Канцеларијата на ОН за проектни услуги, УНОПС.

Во рамките на проектот, на Град Скопје му се предадени шест автобуси на компримиран природен гас. Засадени се вкупно 6.000 садници во Скопје, Куманово, Тетово и Битола, а завршена е и физибилити студијата за проширување на топлификациската мрежа во Скопје.

За следење и анализа на квалитетот на воздухот е набавена и инсталирана опрема за Централната лабораторија за животна средина. Таа вклучува мерни инструменти наменети за три станици од Државната мониторинг-мрежа во Скопје и Тетово, како и прецизна микроаналитичка вага за лабораторијата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.