Од вкупниот број пријави, 122 се прекршочни и се поднесени до надлежните судови, а 25 се кривични пријави доставени до Основното јавно обвинителство.
Во акциите привремено се одземени и 11 товарни и 15 патнички моторни возила, осум трактори и 13 приколки. Шумската полиција одзеде и 18 моторни пили.
Според податоците на Министерството, најголем дел од запленетата дрвна маса се даб и бука: 288 кубни метри даб и 274 кубни метри бука. Останатата количина ја сочинуваат 51 кубен метар мешано дрво и 121 кубен метар техничко дрво, односно трупци.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, најави продолжување на засилените контроли. Тој порача дека од дрвокрадството заработуваат поединци, додека штетата ја трпат сите граѓани, и дека заштитата на шумите како заедничко богатство е заедничка обврска.
„Ќе бараме одговорност и од оние што бесправно сечат и од оние што ги препродаваат дрвата“, порача Серафимовски.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.