359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Шест институции потпишаа меморандум за системот ЛЕРМС за евиденција и управување со предмети

Извор на фотографијата: Јавно обвинителство на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Јавно обвинителство на Република Северна Македонија

Јавното обвинителство, МВР и уште четири институции потпишаа меморандум за воспоставување на ЛЕРМС, систем за евиденција, податоци и управување со предмети. Системот е финансиран од Европската Унија.

Меморандумот го потпишаа и Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот.

Со ЛЕРМС се воспоставуваат соработка и интероперабилност, а се зајакнуваат координацијата и размената на податоци меѓу институциите во борбата против организираниот криминал, корупцијата, перењето пари и финансирањето тероризам.

Државниот јавен обвинител Савески очекува брзата и координирана размена на информации да помогне во спречувањето на ширењето неточни и непроверени податоци, зголемувањето на довербата во институциите и усогласувањето со европските стандарди. Тој посочи дека податоците, вклучително и статистичките, треба да овозможат детален преглед на трендовите на криминалитетот за тие навремено и успешно да се пресретнуваат.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.