Во фокусот на дискусиите се безбедноста во училиштата, заштитата од насилство во дигиталниот простор и поддршката на семејствата. Се разговара и за зајакнување на механизмите за заштита на децата и за соработка меѓу институциите и државите.
Шасивари ја опиша заштитата на децата како заедничка глобална одговорност, а не само државна обврска. Тој се заложи за повеќе превенција, поодговорни институции и конкретна заштита за секое дете, нагласувајќи дека детството треба да биде време на сигурност, достоинство и можности, наместо на страв и насилство.
Министерот најави дека утре, 19 ноември, ќе учествува во меѓународната сесија „Connecting Regions, Advancing Solutions: A Cross-Regional Exchange“. Заедно со министри и високи претставници од различни земји ќе разговара за унапредување на конкретни решенија и меѓурегионална соработка во спречувањето и искоренувањето на насилството врз децата.
На конференцијата се собрани министри од 131 држава, претставници на меѓународни институции, експерти и организации од целиот свет. Ја организира Владата на Филипините во партнерство со Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, со цел да се зајакне глобалната посветеност за спречување и искоренување на сите форми на насилство врз децата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.