Меѓу лицата што, според МВР, управувале возило без положен испит се 17-годишник од Скопје и 16-годишник од Неготино. По истата основа се лишени од слобода и Р.Џ. (27) од скопското село Крушопек, А.М. (32) од Чашка, Б.М. (45) од Берово, М.К. (20) од струшкото село Драслајца и Б.С. (39) од селото Обршани, општина Кривогаштани.
Со активна мерка забрана за управување со моторно возило, според полицијата, возеле Ј.Б. (23) од неготинското село Тремник и З.Ј. (55) од Скопје. А.Ц. (55) од Прилеп, пак, управувал под дејство на алкохол.
МВР ги поврзува приведувањата со кривичното дело „безобѕирно управување возило“ од член 297-а од Кривичниот законик. По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не возат без положен испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол, за поголема безбедност во сообраќајот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.