360 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Професорка од УГД доби француско одликување „Витез во Редот на академските палми“

Фотографија објавена на јавниот профил на Универзитет Гоце Делчев – Штип
Фотографија објавена на јавниот профил на Универзитет Гоце Делчев – Штип
  • Признанието го доделува француското Министерство за образование.
  • Одликувањето ѝ го врачи францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер.

Проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ доби француско одликување „Витез во Редот на академските палми“. Признанието ѝ беше врачено на церемонија на 4 ноември во Француската резиденција во Скопје.

Одликувањето го доделува француското Министерство за образование, а на професорката ѝ го врачи францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

Ле Риголер рече дека признанието е доделено за нејзиниот придонес во медицинските истражувања, франкофонијата и универзитетската соработка.

Редот на академските палми е француско цивилно признание востановено во 1808 година за заслуги во образованието, науката и културата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.