Учесниците се од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора. Ова е првата редовна обука на БМТФ во Македонија откако државата ја презеде улогата на рамковна земја за периодот 2026-2028 година.
Обуката ја поддржува медицински експертски тим од Кралството Норвешка. На неа се користи новата медицинска опрема набавена за потребите на БМТФ со поддршка од Европската Унија и Норвешка.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и евроамбасадорот Михалис Рокас ги посетија учесниците. Мисајловски наведе дека целта на обуката е подобрување на оперативната подготвеност и на способноста на мултинационалниот медицински персонал да работи заедно, со што треба да се зајакнат регионалните воено-медицински способности на земјите од Западен Балкан.
Мисајловски ја поврза поддршката од Европската Унија и Норвешка со развојот на регионален капацитет за брз и ефикасен одговор на меѓународни кризи и катастрофи предизвикани од природни или човечки причини.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.