Обвинителството наведува дека со повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки биле обезбедени докази што упатуваат на основано сомнение дека обвинителот ги искористил своето реално влијание и службената положба за да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии.
Според наводите, тој ургирал за пониски казни или за поповолна позиција на осомничени или обвинети лица во кривична постапка. Предметите се на подрачјето на кое ја вршел својата функција.
Вчера, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола за да се обезбедат дополнителни докази.
Надлежниот јавен обвинител продолжува да го испитува случајот и до судијата на претходна постапка доставил предлог за мерки на претпазливост. Предлогот опфаќа одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности, односно оддалечување на осомничениот од работното место.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.