Сведоштвото го пренесе Евгенија Станкоска, раководителка на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица. Станкоска го изнесе на прес-конференција по најавата на премиерот Христијан Мицкоски за нова инвестиција на „Гересхајмер“ во Македонија, проширување на производствените капацитети и отворање нови работни места.
Работничката сведочела дека побарала прераспределба за да не крева производи тешки околу 10 килограми, но продолжила да работи во производствен погон, во трета смена по 12 часа. Таа навела дека потоа доживеала спонтан абортус. Додека била на боледување, по загубата на бременоста, менаџерот ја притискал да се врати на работа и се заканувал дека лично ќе дојде да ја земе доколку не се појави.
По напуштањето на работното место, не ѝ биле исплатени 19 работни дена и преостанатиот годишен одмор. Во објавата се наведува дека Државниот инспекторат за труд при вонреден инспекциски надзор утврдил неправилности во евиденцијата на работното време и наложил корекција на пресметката на платата.
Левица и АФЖ бараат итни и засилени инспекциски контроли во „Гересхајмер“, целосно испитување на случајот, утврдување одговорност и исплата на сите неисплатени побарувања.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.