Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Полицијата лиши од слобода скопјанец, во возилото најде дрога и вага

Фотографија од настанот · Министерство за внатрешни работи
Фотографија од настанот · Министерство за внатрешни работи

Полицајци од СВР Скопје лишија од слобода 49-годишен скопјанец, откако во возилото што го управувал пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.

Лишувањето од слобода се случи денеска во 2 часот и 25 минути на улицата Таки Даскалот, во Драчево. При преглед на патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки биле пронајдени предметите.

Х.М. (49) е задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.