Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Околу 70 ученици учат македонски во пет училишта во Тичино

Извор на фотографијата: Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија
Извор на фотографијата: Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија
  • Наставата ги опфаќа учениците од прво до деветто одделение.
  • Часовите се одржуваат секој работен ден во текот на неделата.
  • Агенцијата за иселеништво обезбедува учебни и едукативни материјали.

Околу 70 ученици посетуваат настава по македонски јазик во пет училишта во швајцарскиот кантон Тичино. Наставата се одржува во Муралто, Локарно, Минузио и Солдуно.

Часовите се одржуваат секој работен ден, од понеделник до петок, за ученици од I до IX одделение, според програмата на Бирото за развој на образованието.

Наставата ја води Ана Тимовска Митрева, ангажирана од Министерството за образование и наука на Македонија 18 години по ред. Агенцијата за иселеништво обезбедува учебни и едукативни материјали и други содржини.

Учениците настапуваат на мултикултурни манифестации организирани од градовите и други заедници, а во училиштето работат и фолклорна, пејачка и рецитаторска секција.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.