Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи, од 14 до 20 часот. Во однос на возилата биле констатирани вкупно 44 прекршоци.
Кај возачите биле утврдени 151 прекршок. Најголем дел се однесувале на непрописно паркирање, некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење.
МВР евидентирало и четири случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 174 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци биле преземени мерки согласно законските прописи.
Акцијата била насочена кон откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци и зголемување на безбедноста во сообраќајот. МВР продолжува со засилените контроли и апелира возачите да ги почитуваат правилата, да користат сигурносен појас и да не користат мобилен телефон додека возат, за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.