Се разговараше за доставата на решенијата и за информирањето на нотарите за текот на решавањето на предметите. Беа разгледани и можностите за континуирана комуникација меѓу Комората и Судот.
На средбата во просториите на Апелациониот суд Скопје, претседателката на Нотарската комора Цеца Малева Стоев разговараше со в.д. претседателот на судот Зоран Герасимовски и со судии од овој суд.
Целта на средбата беше унапредување на соработката меѓу нотаријатот и судството и размена на мислења за заеднички прашања, особено за постапките во кои се поврзани нивните надлежности. Двете страни изразија подготвеност за долгорочна соработка, со цел поголема правна сигурност, поефикасно постапување и зајакнување на довербата на граѓаните во правниот систем.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.