Со експертска поддршка и размена на искуства со италијанските партнери беа подготвени и унапредени седум технички прирачници и соодветни стандардни оперативни процедури, како и оперативниот прирачник на Одделот. Воспоставени се систем за управување со безбедноста и систем за следење на усогласеноста со стандардите. Исто така, беше подготвена и стратегија за оспособување сопствени инструктори за летање и типска обука.
Целта на проектот беше да ги зајакне професионалните и оперативните капацитети на воздухопловните единици и да придонесе за поголема безбедност и ефикасност при извршувањето на полициските воздушни операции.
Исени оцени дека значењето на проектот е во долгорочните институционални капацитети и стандардите што треба да овозможат постојан професионален развој. „Вистинската вредност на овој проект не се состои само во изработените документи, туку пред сѐ во знаењето, воспоставените стандарди и капацитетите кои остануваат во институцијата“, истакна тој.
Според заменик-министерот, следната фаза ќе биде насочена кон доследна примена на процедурите, унапредување на оперативната безбедност и зајакнување на механизмите за внатрешна контрола и ревизија. Тој нагласи дека целта е резултатите да станат трајна институционална практика, а партнерствата со ЕУ и Италија ги оцени како значаен придонес во модернизацијата на македонската полиција.
На завршната конференција денеска во Скопје се обрати заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени. Твининг лајт проектот „Јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи за спроведување на воздушни операции“ беше спроведен во соработка со Италијанската национална агенција за цивилно воздухопловство („ENAC“) и „EUTALIA“.
МВР најави продолжување на соработката со европските институции и меѓународните партнери за понатамошно јакнење на професионалните капацитети, примена на европските стандарди и повисоко ниво на безбедност за граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.