Според МВР, без положен возачки испит управувале А.С. (46), М.Р. (26) и З.С. (26), сите од Скопје, А.М. (27) од скопското село Никиштани и Г.Т. (56) од селото Подлес, општина Градско. Во оваа група е и А.К. (28) од кавадаречкото село Дреново, за кого полицијата наведува дека возел и под дејство на алкохол.
Поради возење под дејство на алкохол се лишени од слобода и Г.Ј. (49) од Кочани и М.С. (35) од Куманово. Д.С. (21) од Крива Паланка, пак, според полицијата, управувал возило иако имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.
МВР ги товари деветтемина за кривичното дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не возат без положен испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.