Акцијата е насочена против насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал. Ја спроведува Одделот за криминалистичка полиција во координација со сите сектори за внатрешни работи и регионалните центри за гранични работи.
Според МВР, од вкупниот број кривични пријави, 1.047 се поврзани со недозволена трговија со дрога, а 88 со насилен криминал. Полицијата го проверила и утврдила идентитетот на 74.229 лица и извршила 158.955 прегледи на лица, превозни средства и багаж.
Министерството наведува дека во акцијата се запленети значителни количини различни видови наркотични дроги, меѓу кои марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и таблети МДМА, како и оружје, пари, патнички возила и мобилни телефони. Според МВР, спречени се и повеќе меѓународни канали за недозволена трговија со дрога, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.
МВР соопшти и дека, според законските процедури и одлуките на надлежните органи, определени се мерки притвор, а во дел од случаите се изречени затворски казни.
Министерството најавува дека ќе продолжи со координирани активности, акциски денови и засилени контроли на целата територија на државата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.