Соработката предвидува подготовка на стандарди за занимања и квалификации, наставни планови и програми, усогласени со Националната рамка на квалификации во Македонија. Програмите треба да одговорат на оперативните, техничките и менаџерските потреби на регионалниот систем за управување со отпад.
Образовните патеки се наменети за средношколци, наставници, невработени, работници што сакаат да стекнат нови вештини и возрасни со соодветно техничко искуство. Предвидени се и можности за луѓе со пречки во пристапот до формално образование и вработување.
МОН, ЕБОР и партнери од образованието, обуките и секторот ќе формираат заедничка работна група за развој на квалификациите и програмите. Соработката е дел од програма финансирана од Европската Унија, поврзана со Регионалниот проект за цврст отпад, финансиран од ЕБОР.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.