Министерството наведува дека научниците и академските професори имаат бесплатен пристап до базите „Web of Science“ и „Scopus“. Се покриваат и трошоците за објавување трудови во списанија со импакт-фактор, организирање домашни научни конференции, учество на меѓународни конференции и објавување зборници.
Минатата година биле поддржани околу 50 двегодишни научни проекти, кои сега се во завршна фаза, наведува Министерството.
Министерството пренесува дека Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 оценила добар напредок во остварувањето на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација. Меѓу наведените чекори се основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, како и продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.