Предлогот на Левица предвидува субвенцијата да изнесува 1 процент од минималната плата, а правото на оброк да важи за сите студенти.
Левица тврди дека Министерството за образование не ја усогласува субвенцијата со растот на трошоците за живот. Партијата наведува дека Јаневска претходно тврдела оти оброкот веќе е зголемен, а потоа повторно најавила зголемување без да посочи кога ќе се случи.
Левица ја критикува и најавата дека студентскиот оброк ќе изнесува 4.500 денари месечно, односно околу 170 денари дневно. Според партијата, најавениот износ е далеку од барањата на студентите и од нејзиниот предлог субвенцијата да се врзе за минималната плата и да се усогласува со растот на трошоците за живот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.