Според податоците што ги наведува Левица, во примероците биле измерени амонијак до 11,5 милиграми на литар, вкупен азот до 20 милиграми на литар и суспендирани материи до 3.812 милиграми на литар. Кај повеќе показатели водата била класифицирана во петта класа, односно како многу загадена. Партијата го пренесува заклучокот на Факултетот дека поморот може да се поврзе со големото загадување на водата.
Левица наведува дека пред поморот имало јавни информации за проблеми со третманот на отпадните води во Кичево и за испуштање нетретирана вода кон Зајаска Река, притока на Треска. Партијата бара итна ревизија на пречистителната станица во Кичево и прашува зошто таа не работела, кој ја исклучил и кој штедел на струја. Исто така бара кривична одговорност за лицата што ги обвинува дека со години дозволувале фекалии и индустриски отпад да се испуштаат директно во Треска.
Меѓу барањата е континуиран и јавно достапен мониторинг на квалитетот на водата, со редовно земање примероци на повеќе точки, следење на физичко-хемиските и микробиолошките параметри и објавување на резултатите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.