За организираниот криминал, особено оној што ги надминува државните граници, потребни се навремена размена на информации и заеднички аналитички процени, нагласи Јанев. Според него, тие треба да бидат поврзани со координирани оперативни активности на институциите.
Работилницата е посветена на изработката на првата рестриктивна верзија на среднорочниот преглед „SOCTA“ 2027 и се одржува во рамките на регионалниот проект „EU4FAST“. Јанев ја посочи националната „SOCTA“ како алатка за препознавање на безбедносните закани, предвидување на криминалните трендови и утврдување национални и оперативни приоритети.
Тој нагласи дека е потребна одржлива соработка меѓу институциите за стратешките процени да се преточат во конкретни активности и мерливи резултати. Тие треба да бидат усогласени со европските безбедносни приоритети и приоритетите на „EMPACT“.
Јанев ја истакна и континуираната поддршка, стручната експертиза и партнерството на тимот на „EU4FAST“ во унапредувањето на националните капацитети и соработката меѓу институциите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.