359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ИКС одржа работилница за онлајн содржини со ученици во „Никола Карев“

Фотографија објавена на јавниот профил на СУГС Гимназија Никола Карев- Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на СУГС Гимназија Никола Карев- Скопје
  • Во разговорот биле опфатени манипулирани содржини и информации создадени со вештачка интелигенција.
  • Искуствата на учениците ќе помогнат во подготовката на образовни материјали за нивните врсници.

Институтот за комуникациски студии (ИКС) на 28 октомври одржа работилница за онлајн содржини со ученици од прва година во гимназијата „Никола Карев“ во Скопје. Учениците разговараа за тоа како проценуваат дали да им веруваат на објавите и што проверуваат пред да ги споделат.

Преку интерактивни активности и дискусија, тие ги разгледуваа своите дигитални навики и влијанието на насловите, сликите и различното претставување на една приказна врз нејзиното толкување.

Работилницата ги опфати и препознавањето манипулирани содржини и довербата во информации создадени со вештачка интелигенција.

Прашањата и искуствата на учениците ќе послужат како основа за осмислување образовни содржини приспособени на интересите и потребите на младите. Работилницата е дел од проектот „ИнфоФакто“, во кој се развива едукативна платформа за критичко проценување дигитални содржини и препознавање дезинформации, вклучително и содржини создадени со вештачка интелигенција.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.