Гаши нагласи дека правдата мора да биде професионална, независна и одговорна, но пред сѐ човечна и заснована врз етика и интегритет.
Во тој контекст, тој ја оцени Академијата како директна инвестиција во квалитетот на државата, професионалноста на правосудните институции и довербата на граѓаните во државата. Го истакна нејзиниот досегашен придонес и изрази уверување дека ќе продолжи да има значајна улога во создавањето кадри со високи професионални и етички стандарди.
Поврзувајќи ја мисијата на Академијата со Собранието, Гаши посочи дека донесувањето и спроведувањето на законите се различни функции што се надополнуваат. Според него, тие произлегуваат од истиот уставен поредок и ја носат истата одговорност кон граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.