359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Европската комисија бележи умерен напредок во реформата на јавната администрација

Изворна графика: Министерство за јавна администрација
Изворна графика: Министерство за јавна администрација

Извештајот на Европската комисија за 2026 година бележи умерен напредок во поставувањето поцврста институционална и законска основа за јавната администрација. Во него се нотира и зајакнувањето на капацитетите на Министерството за јавна администрација за управување со човечките ресурси.

Во реформата се вклучени законите за административните службеници и вработените во јавниот сектор, усвоени во 2025 година, и Законот за високите раководители, усвоен во 2026 година. Воспоставена е и Академијата за јавна администрација, чија улога е да обезбедува континуирана едукација, специјализирани обуки и развој на компетенции засновани врз европските стандарди и современите практики на јавно управување.

Извештајот ја препознава и улогата на Советот за реформа на јавната администрација како механизам за политичко лидерство, континуирана поддршка и стратешки надзор над реформскиот процес.

За проценката на влијанието на регулативата, инструмент за подобрување на подготовката и донесувањето закони и креирањето јавни политики, извештајот го нотира усвојувањето нова методологија во јуни 2025 година. Таа воспоставува поцврста основа за систематска и поконзистентна анализа на влијанието на законите.

Надграден е и Информацискиот систем за управување со човечките ресурси, кој има цел да го подобри управувањето со кадровските процеси и да овозможи подобра евиденција, координација и управување со вработените во јавниот сектор.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.