За преостанатите 30 објекти е завршена проектната документација, а почетокот на работите е планиран за почетокот на 2027 година.
Напредокот и плановите за следниот период беа презентирани денес на петтиот состанок на Управниот комитет на проектот, одржан во Министерството за животна средина и просторно планирање во Скопје. Проектот има буџет од 10 милиони евра, го финансира Европската Унија, а го спроведува Канцеларијата на ОН за проектни услуги, УНОПС.
На Град Скопје му се предадени шест автобуси на компримиран природен гас. Во Скопје, Куманово, Тетово и Битола се засадени вкупно 6.000 садници, а завршена е и физибилити студијата за проширување на топлификационата мрежа во Скопје.
За следење и анализа на квалитетот на воздухот е набавена и инсталирана опрема за Централната лабораторија за животна средина. Таа вклучува инструменти за мерење на „BTEX“, наменети за три мониторинг-станици од Државната мрежа во Скопје и Тетово, како и прецизна микроаналитичка вага за лабораторијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.