Според ЕСЕ, истражувањето на здружението покажало дека мнозинството граѓани не ги перцепираат „врските“ како коруптивно однесување и често ги користат за да завршат работа. Здружението оценува дека „врските“ создаваат нееднаков третман и го компромитираат јавното здравство: некој може да добие термин пред друг кому прегледот или операцијата можеби му биле попотребни.
Видеото е достапно на албански јазик. ЕСЕ го спроведува проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ со поддршка од „Expertise France“ преку Француската агенција за развој.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.