Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Државниот завод за ревизија и францускиот Суд за ревизија одржаа работилница за сомнежи за корупција

Фотографија објавена на јавниот профил на Државен завод за ревизија
Фотографија објавена на јавниот профил на Државен завод за ревизија

Државниот завод за ревизија и Судот за ревизија на Франција на 3 и 4 ноември ја одржаа втората работилница за борба против ризиците од корупција и повредите на интегритетот. Таа се одржа во просториите на Државниот завод за ревизија и опфати постапување по ревизорски наоди поврзани со сомнежи за неправилности, злоупотреби и корупција.

На работилницата се разгледуваа институционалните улоги и надлежности, подготовката и доставувањето правно засновани пријави врз основа на ревизорски наоди, како и механизмите за соработка, размена на информации и следење на постапувањето по пријавите.

Учесниците ги споредуваа француските и македонските практики и ги разгледуваа можностите за поефикасна соработка меѓу ревизорските институции, судската власт и истражните органи. Работилницата е продолжение на активностите започнати со првата, одржана на 24 и 25 септември, со цел продлабочување на размената на искуства и унапредување на соработката во спречувањето и откривањето корупција.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.