Според Мифтари-Фетиши, реформите треба да се темелат на стручни знаења, докази и процена на потребите на образовните институции и општеството. Таа нагласи дека во нивното осмислување и спроведување треба да бидат вклучени академската заедница, експерти од соодветните области и другите засегнати страни. Пробната примена и претходните анализи, според неа, можат да помогнат промените да бидат практично применливи и усогласени со условите во институциите.
Во разговорот беа опфатени и законската рамка за високото образование и предизвиците при нејзиното спроведување. Мифтари-Фетиши ги претстави факултетот и неговите академски програми, нагласувајќи ја потребата тие да одговараат на променливите потреби на студентите, општеството и пазарот на труд. Посебно внимание беше посветено на намалувањето на јазот меѓу теоријата и практиката.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.