Најважно
352 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Центарот за миграциски политики е подготвен за експертска помош за Македонија

Фотографија од настанот · Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Фотографија од настанот · Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Меѓународниот центар за развој на миграциски политики е подготвен да ѝ помогне на Македонија во спроведувањето на националните миграциски приоритети преку експертска помош и натамошна соработка, потврди генералната директорка Сузане Рааб на денешната средба во Виена со заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски и државниот секретар во МВР Сашо Петрушевски.

На средбата, одржана на маргините на Виенската конференција за миграција, македонските претставници ги презентираа тековните национални активности и стратешките приоритети за управување со миграцијата. Посебно внимание беше посветено на Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција за периодот од 2026 до 2030 година, како и на Националната стратегија за соработка со дијаспората за периодот од 2025 до 2030 година.

Димитровски и Петрушевски ги претставија и актуелните предизвици со миграциските текови, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе. Тие изразија интерес за продлабочување на соработката со Центарот, особено за спроведување на стратешките приоритети и зајакнување на капацитетите на институциите.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја потврди определбата на Македонија за активно учество во регионалните и европските иницијативи за управување со миграцијата и за зајакнување на партнерствата со релевантните меѓународни организации, со цел да придонесе кон безбеден, координиран и хуман европски миграциски систем.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.