Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Разбиена меѓународна група за трговија со дрога, запленети 79 кг марихуана на Дојран

Фотографија објавена на јавниот профил на Царинска управа
Фотографија објавена на јавниот профил на Царинска управа
  • Возачот е државјанин на Босна и Херцеговина.
  • Акцијата започнала по разузнавачка информација, а мобилни тимови го пресретнале камионот на излез од државата.
  • По претходен договор со лица од Македонија, марихуаната била претоварена на однапред договорена локација.

По истрага на Царинската управа е разбиена меѓународна криминална група поврзана со нелегална трговија со дрога. На граничниот премин Дојран бил спречен обид за нелегална трговија со 79 килограми марихуана, а пет лица, меѓу нив и возачот на камионот, биле приведени.

Против петте лица е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Возачот е државјанин на Босна и Херцеговина. Марихуаната е запленета, а Царинската управа ја започнала предистражната постапка во соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Акцијата започнала по разузнавачка информација, а мобилни тимови го пресретнале камионот на излез од државата. Според Царинската управа, марихуаната требало да заврши на турскиот пазар.

Во предистражната постапка, според Царинската управа, било утврдено дека камионот влегол во Македонија натоварен со железни профили што требало да ги превезе до Грција. По претходен договор со лица од Македонија, марихуаната била претоварена на однапред договорена локација. Камионот бил пломбиран со пломба што возачот ја имал кај себе, а потоа продолжил кон Грција преку Дојран.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.