Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Балони со бројот 132 во Скопје за загинатите на патиштата во 2025 година

Извор на фотографијата: Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
Извор на фотографијата: Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

Со пуштање балони со бројот 132, во спомен на загинатите во сообраќајни незгоди во 2025 година, и со симболичен марш низ Градскиот парк во Скопје, денеска беше одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Во Македонија во 2025 година на патиштата загинале 132 лица, наспроти 142 во 2024 година. Во првите десет месеци од 2026 година се бележи и тренд на намалување на бројот на загинати од околу 25 проценти.

Претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, порача дека зад статистиката стојат човечки судбини и семејства кои трајно живеат со последиците од сообраќајните незгоди. Тој повика сеќавањето да биде и поттик за заедничка акција, нагласувајќи дека едукацијата, превенцијата, одговорното однесување и институционалната соработка се неопходни за побезбедни патишта и спасување животи.

РСБСП апелираше за култура на одговорност и почит во сообраќајот, со заедничка обврска на институциите, возачите, пешаците, велосипедистите и другите учесници. На присутните граѓани им беа поделени превентивно-едукативни материјали со пораки за одговорно однесување и почитување на животот како највисока вредност.

На настанот беше упатен и потсетник дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Возачите беа повикани да ги приспособат брзината и начинот на управување со возилото на временските услови и состојбата на патиштата.

Во реализацијата на настанот учествуваа и учениците од сообраќајната секција на АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје. Почит на жртвите оддадоа граѓани и претставници на институциите, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Одбележувањето го организираше Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи, ОСБСП и другите партнери.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.