Седницата ќе почне во 11 часот и ќе се одржи преку видеоконференциска врска. Двата предлога за јавна опомена на ТВ Гурра од Кичево се однесуваат на прекршување на членот 51 став 1 и на членот 92 ставови 1 и 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На дневниот ред се и предлог-одлуки за продолжување дозволи за телевизиско емитување на Алфа ТВ од Скопје и Канал Феста од Куманово, како и за радиоемитување на Голди од Велес, Радио Пулс и Галакси-2002 од Кавадарци, Блета од Тетово, Енџелс ФМ од Штип и Плеј Радио од Струга.
Советот ќе разгледува и предлог за отпис на застарени обврски на Агенцијата кон доверители и добавувачи, како и предлог за исплата надоместок поради смрт на член на потесното семејство на вработен во Агенцијата. На дневниот ред е и усвојување предлог-записник од 37. седница, одржана на 3 ноември.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.