359 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Агенцијата за слободен пристап до информации во Берлин разговараше за институционалните практики

Извор на фотографијата: Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер
Извор на фотографијата: Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

Делегација на македонската Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер одржа работни средби во Берлин за размена на искуства и практики за пристап до информации.

Средбите беа дел од студиска посета во рамките на проектот „Поддршка на слободниот пристап до информации“, финансиран од Европската Унија. Разговорите опфатија германски правила за постапување по барања, законски рокови, административни надоместоци и статистичко известување.

Во Канцеларијата на Сојузниот комесар за заштита на личните податоци и слобода на информации се разговараше за германскиот модел на посредување, советодавната поддршка и превентивното разрешување недоразбирања меѓу барателите и имателите на информации.

Германскиот пристап е ориентиран кон посредување и препораки, додека македонската Агенција има законски утврдени второстепени надлежности за одлучување по жалби. Стекнатите искуства отворија перспективи за зајакнување на советодавната и превентивната улога на Агенцијата, без отстапување од нејзините законски надлежности.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.