Работилницата има цел да ги унапреди знаењата и практичните капацитети на контролорите и обработувачите за спроведување на овие проценки. Предвидени се европски искуства и практики, методологии, алатки, практични примери и вежби, како и размена на искуства и запознавање со пристапите и практиките на надзорните органи од земјите членки на Европската Унија.
Пријавите се испраќаат на proekt.obuki@privacy.mk и треба да содржат назив на контролорот, име и презиме на претставникот и адреса на електронска пошта.
При изборот, предност ќе имаат претставници од јавниот сектор. Поради ограничениот број места, учеството на претставници од приватниот сектор ќе биде ограничено и ќе се разгледува според релевантноста на нивната работа со темите на работилницата. Агенцијата ќе ја оцени релевантноста на кандидатите и ќе го утврди конечниот состав; пријавата не е автоматска потврда за учество.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.