Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Агенциите за заштита на личните податоци на Македонија и Црна Гора потпишаа меморандум

Фотографија од настанот · Агенција за заштита на лични податоци
Фотографија од настанот · Агенција за заштита на лични податоци
  • Меморандумот предвидува заеднички состаноци и размена на стручни практики.

Агенциите за заштита на личните податоци на Македонија и Црна Гора потпишаа меморандум за меѓуинституционална соработка. Документот беше потпишан на 3 ноември во Скопје.

Меморандумот го потпишаа директорот на македонската агенција, Накил Фетаи, и директорката на црногорската агенција за заштита на личните податоци и слободен пристап до информации, Маја Жуњиќ Митровиќ.

Предвидени се размена на стручни знаења, искуства и добри практики, заеднички работни состаноци и споделување препораки и одлуки. Институциите ќе разменуваат и информации и искуства за практиката на Европскиот суд за човекови права и Судот на правдата на Европската Унија.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.