На конкурсот можат да учествуваат студенти, наставен и административен кадар од универзитетите членки на алијансата кои биле на мобилност на некој европски универзитет.
Со фотографиите треба да се прикажат европските вредности преку инспиративни, емотивни или хумористични моменти од престојот на партнерските универзитети. Пријавите се поднесуваат до 13 ноември 2026 година во 23 часот по средноевропско време, преку онлајн апликација со прикачена фотографија и прифатени задолжителни декларации.
Апликацијата и информациите за конкурсот се достапни на формуларот за пријавување.
За прашања поврзани со конкурсот, заинтересираните можат да се обратат на контакт-адресата на организаторите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.