389 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Скопје отстранети 890 кубни метри отпад од јавни и сообраќајни површини

Извор на фотографијата: ЈП Комунална хигиена – Скопје
Извор на фотографијата: ЈП Комунална хигиена – Скопје
  • Во општина Центар расчистија 220 кубни метри отпад од диви депонии.
  • Дванаесет записници беа врачени на територијата на општина Чаир.
  • Во ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода се одржаа еко-предавања за правилно постапување со отпадот.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела отстранија 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Во општина Центар расчистија 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, Еко-патролата изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Дванаесет записници беа врачени на територијата на општина Чаир.

Екипите на претпријатието подигнаа и транспортираа 3.600 тони комунален отпад од домаќинства и правни субјекти во Скопје.

Во ООУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода се одржаа еко-предавања за правилно постапување со отпадот. Во активностите беа опфатени 90 ученици од шестите одделенија, кои се запознаа со правилното одлагање на комуналниот отпад и придобивките од неговата примарна селекција.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.