389 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Детските права на шарени дланки кај првачињата во „Кузман Јосифовски-Питу“

Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Кузман Јосифовски-Питу – Кисела Вода
Фотографија објавена на јавниот профил на ООУ Кузман Јосифовски-Питу – Кисела Вода

Шарени хартиени дланки со испишани детски права и цртежи беа дел од активноста на учениците од „I-2“ одделение во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кисела Вода, по повод 20 Ноември, Светскиот ден на детето.

Преку визуелна презентација, едукативно видео и разговор, учениците ги обработија правата на децата и нивното значење. Разговараа и за важноста секое дете да расте во средина со љубов, грижа, почит и разбирање.

Со цртежите и испишаните дланки ја пренесоа пораката дека секое дете има право на среќно детство, љубов, семејство, образование, игра, здравје, слобода и сигурност. Училиштето порача дека детските права не се само зборови, туку обврска на сите.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.