Центарот е наменет за дружење, рекреација, различни активности и квалитетно поминато време на повозрасните жители. Пецаков наведе дека со отворањето се исполнува ветување и се создава простор за нивна активност и заедништво.
Пецаков оцени дека повозрасните сограѓани го граделе Охрид и заслужуваат почит, внимание и грижа, како и простор во кој ќе бидат активни и дел од заедницата.
Проектот го реализирала Општина Охрид со поддршка од Светска банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Носител на проектот е Здружението на граѓани ВОПС.
За оваа намена од општинскиот буџет се издвоени 438.000 денари. Општината го обезбедила просторот и комбе за транспорт 8+1, а ќе ги подмирува и месечните комунални сметки.
Центарот ќе работи од 8 до 16 часот. Пецаков најави дека Општина Охрид и во иднина ќе вложува во социјални услуги и проекти за подобрување на квалитетот на животот на сите генерации.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.