Советот има 11 членови, претставници на Општина Чаир и Советот на Општината, Јавното обвинителство, полицијата, Центарот за социјална работа и Министерството за социјална политика. Во составот се и претставници на советите на родители од основните и средните училишта, Адвокатската комора, здруженија и фондации што работат во областа на заштитата и правата на децата, како и судија за деца.
На првата седница се разговарало за улогата и функционирањето на Советот, меѓуинституционалната соработка и следните чекори за превенција на детското престапништво и заштита на децата.
Формирањето на Советот е дел од активностите што Општина Чаир ги иницирала во рамки на темата „Насилство меѓу врсниците“. Општината наведува дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со фокус на превенцијата, подигнувањето на свеста и заштитата на децата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.