Уличното осветлување е реконструирано со поставување подземна инсталација и нови канделабри. Во текот на годината биле уредувани јавни површини, пешачки патеки и пристапни патишта, а биле изградени и бетонски канали за наводнување.
Во централното подрачје е обезбеден бесплатен интернет преку проектот „Wi-Fi за Западен Балкан“, реализиран во соработка со ГИЗ. Кај Вевчанските извори е реконструиран дел од осветлувањето, а активностите за целосно обновување продолжуваат.
За Јавното комунално претпријатие се обезбедени специјална машина за одржување на канализациониот систем и хидрауличен мини-багер. Обезбедени се и 850 канти за комунален отпад, по една за секое домаќинство, како и ново специјално возило за собирање отпад во рамките на регионален проект за управување со цврст отпад.
Со средства од општинскиот буџет е уреден дворот на детската градинка. Работите опфатиле проширување на пристапната патека, изградба на потпорен ѕид, поплочување, дополнителни паркинг-места, нова ограда, клупи и корпи за отпадоци. За улиците се обезбедени средства за реконструкција.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.