391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Велес ги додели деветоноемвриските признанија за 2026 година

Извор на фотографијата: Општина Велес
Извор на фотографијата: Општина Велес
  • Емира Хусовиќ ја доби наградата „Најстудент“ за 2026 година.
  • Наградата за животно дело „Гемиџии“ му припадна на д-р Горан Јовиќ.

На свечена академија по повод празникот на Велес, 9 Ноември, беа доделени градските признанија за 2026 година. Наградени се поединци, здруженија, училишта и други организации за придонеси во различни области.

Пофалници добија Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, фудбалерката Валерија Ваљак Неделковски од ЖФК „Борец“, здружението „Акцијаши-ветерани-Велес“, Коста Тахов, Баже Миров и Спасе Буковски.

Меѓу добитниците на благодарницата „9 Ноември“ се кајакарот Благој Гугинов, пожарникарот Александар Јолдашев, Снежана Петрова Џамбазова, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ООУ „Блаже Конески“, ресторанот „Снупи“, Трајче Илијевски, Александар Гулевски и детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“.

Спомен-плакети постхумно им беа доделени на Зоран Љутков и д-р Ванчо Граматов, а добитник е и асистент д-р Ниметула Лимани. Наградата „Најстудент“ за 2026 година ја доби Емира Хусовиќ, студентка на Универзитетот Ричмонд во САД, додека наградата за животно дело „Гемиџии“ му припадна на д-р Горан Јовиќ.

На академијата во велешкиот театар присуствуваше градоначалникот Марко Колев, а за наградените настапи Националниот џез оркестар. Во рамки на одбележувањето на празникот, делегации положија цвеќе во Младинскиот парк и пред споменикот на паднатите борци во Спомен-костурницата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.