391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Уништени две гранати од Првата светска војна пронајдени кај Новаци

Фотографија објавена на јавниот профил на Дирекција за заштита и спасување
Фотографија објавена на јавниот профил на Дирекција за заштита и спасување

Две неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна, пронајдени на брегот на Црна Река крај мостот во атарот на селото Новаци, вчера беа уништени на армискиот полигон Криволак.

Гранатите биле со калибар од 75 и 105 милиметри. Безбедно ги подигнал Ѓорѓи Стефанов, пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На Криволак тие беа уништени заедно со над 2 262 различни неексплодирани средства од минатите војни, меѓу кои тромблонски гранати, рачни бомби и други артилериски гранати. Вкупната тежина на уништените убојни средства изнесувала околу 1,5 тон, а експлозивот во нив тежел околу 200 килограми.

ДЗС апелира граѓаните да не допираат и да не поместуваат сомнителни предмети што личат на неексплодирани експлозивни средства, туку веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.