Преку презентации и интерактивни активности по биологија, хемија, географија и физика, учениците истражуваа појави и претставуваа свои идеи. Од училиштето го опишаа ова искуство како можност учениците непосредно да ја почувствуваат радоста на научното откривање.
Настанот беше организиран по повод Меѓународниот ден на науката за мир и развој, со цел да ги поттикне знаењето, креативноста, истражувањето и критичкото размислување кај младите.
Според училиштето, активностите ја поттикнале љубопитноста на учениците и ги развиле нивните истражувачки способности. Воедно била нагласена улогата на науката во градењето мир и во одржливиот развој на општеството.
Во реализацијата на настанот придонесоа наставници, ученици и соработници на училиштето.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.