Шкафчето е поставено на видливо место во училиштето. Акцијата „Подари книга, отвори нов свет!“ го поврзува поттикнувањето на читањето со солидарноста и споделувањето книги меѓу членовите на училишната заедница.
За првачињата, одбележувањето на Месецот на книгата ја донесе и првата посета на училишната библиотека. Заедно со наставниците разговараа за тоа што е библиотека, како се чуваат книгите, која е улогата на библиотекарот и како правилно да се однесуваат кон книгите. Ги позајмија и своите први сликовници, а училиштето ја опиша посетата како исполнета со насмевки и љубопитни прашања.
Петтоодделенците, пак, се натпреваруваа во брзина на читање по македонски и англиски јазик. Според училиштето, учениците покажале течност во читањето, правилна дикција и разбирање на прочитаниот текст на двата јазика.
Покрај посетата на библиотеката и натпреварите, се одржаа и часови посветени на читање приказни надвор од училницата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.