391 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Ученици од Соколарци ја посетија Општина Чешиново-Облешево

Фотографија од настанот · Општина Чешиново-Облешево
Фотографија од настанот · Општина Чешиново-Облешево

Ученици од четврто одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ во Соколарци и од подрачните училишта денес ја посетија Општина Чешиново-Облешево и разговараа со градоначалникот Јорданче Костадинов.

Посетата беше организирана во рамките на предметот Историја и општество, за учениците непосредно да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, улогата на општината и одговорностите на градоначалникот.

Преку средбата и разговорот со градоначалникот учениците имаа можност да дознаат како функционира општината и за нејзината улога во грижата за потребите на граѓаните и локалниот развој.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.